Објавен оглас за давање во закуп државно земјоделско земјиште

Bez autora
May 28 2012

Оглас за давање во закуп на над 8703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари објави во понеделникот Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. Станува збор за земјиште од 18 региони, поточно за Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, Крива Паланка, Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Велес, Кавадарци, Кисела Вода и општина Македонски Брод. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето за подигање на маслинарници е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До дваесет години е за рибници, а до 15 години за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.

Објавен оглас за давање во закуп државно земјоделско земјиштеОглас за давање во закуп на над 8703 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 хектари објави во понеделникот Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Станува збор за земјиште од 18 региони, поточно за Куманово, Валандово, Радовиш, Берово, Крива Паланка, Крушево, Прилеп, Делчево, Пробиштип, Битола, Ресен, Кичево, Гевгелија, Свети Николе, Велес, Кавадарци, Кисела Вода и општина Македонски Брод.

Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето за подигање на маслинарници е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До дваесет години е за рибници, а до 15 години за одгледување на други земјоделски култури и за ливади.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.

Услов за да учествуваат  на огласот за странските правни лица е да имаат регистрирано подружници во  Република Македонија. И на домашните и на странските правни лица или нивните подружници, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им биде претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење на научно-истражувачки дејности.

Правните лица учесници на јавниот оглас покрај понуда за износот на годишната закупнина потребно е да достават и бизнис план со опишана цел за која се планира користење на земјиштето, технологијата која ќе се примени, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно-економски резултати и слично.

Заинтересираните физички лица кои ќе аплицираат за огласот потребно е со понудата за износот на годишната закупнина да достават и  програма за користење на земјиштето со податоци за семејството, техничко-технолошката опременост, целта за која ќе го користи  земјиштето, како и пазарните аспекти.

На огласот согласно дефинираните критериуми, неможат да учествуваат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации. Увид во податоците за земјоделско земјиште од овој јавен оглас, за секоја површина одделно може да се направи на огласната табла во подрачната единица во Министерството, надлежна за соодветната огласена површина.

Оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас, понудената годишна закупнина по хектар, правниот статус на понудувачот и видот на планираното производство ќе бидат дел од критериумите за избор на најповолен понудувачи од страна на Комисијата при Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето и таа изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од 5 до 8 катастарска класа. Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, за земјиште од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа  е 5 евра за хектар.

Заинтересираните лица понудите можат да го поднесуваат во рок од 20 дена од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik